29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовак си ја отвори душата за Иванишевиќ, објасни зошто ја прекинаа соработката...

Новак си ја отвори душата за Иванишевиќ, објасни зошто ја прекинаа соработката и испрати порака

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, по шест години ја заврши соработката со тренерот Горан Иванишевиќ.

Ѓоковиќ објави емотивна порака на Инстаграм и му се заблагодари на хрватскиот тренер со кој соработува уште од Вимблдон во 2018 година.

„Се сеќавам на точниот момент кога го поканив Горан да биде дел од мојот тим. Беше 2018 година и Маријан и јас баравме да бидеме поиновативен и да донесеме магија во нашето дуо. Всушност, не само што го донесе сервисот, туку и многу смеа, забава, година на 1-то место, достигнувања со рекорди и уште 12 Грен слем титули (и неколку финалиња) до денес. Дали спомнав и малку драма? Нолефам ќе знае“, изјави Ѓоковиќ, но не застана тука.

Тој објасни што ги врзувало засекогаш.

„Јас и Горан пред неколку дена решивме да престанеме со работа. Хемијата на теренот има свои подеми и падови, но нашето пријателство отсекогаш било силно како камен. Всушност, со гордост можам да кажам (не сум сигурен дали и тој) дека покрај тоа што заедно освоивме турнири, имавме голема битка во “Не лути се човече” со години. И тој турнир никогаш не завршува за нас.

Шефињо, ти благодарам за сè мој пријателе. Те сакам“, рече Ѓоковиќ.

Новак неделава тренираше во Белград, а на теренот во Кошутњак го немаше Иванишевиќ, кој сите претходни години беше „сенка“ на српскиот тенисер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП