11 октомври, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛекар откри 4 помалку познати симптоми на лицето кои можат да бидат...

Лекар откри 4 помалку познати симптоми на лицето кои можат да бидат предупредувачки знак за срцеви заболувања

Кардиоваскуларните заболувања можат да бидат фатални и затоа е клучно да се забележат раните знаци на болеста за навреме да се започне со лекување.

Постојат некои вообичаени знаци на срцеви заболувања како што се болка во градите, отежнато дишење и палпитации. Сето ова се знаци дека нешто не е во ред и дека треба да посетите лекар.

Сепак, постојат некои помалку познати симптоми кои се појавуваат таму каде што најмалку ги очекувате, откри д-р Рохан Нагар за Express.co.uk.

Помалку познати симптоми на срцеви заболувања:

-ненадејни промени во видот

-мали, жолтеникави израстоци околу очите

-ширење и собирање на зениците со отчукувањата на срцето

„Срцевите проблеми можат да влијаат на вашите очи и се поврзани со зголемен ризик од развој на некои очни болести“, рече докторот и додаде:

„Кардиоваскуларните болести се термин кој се користи за состојби кои влијаат на срцето и крвните садови низ телото, вклучително и оние во окото кои ја снабдуваат со крв мрежницата на задниот дел од окото.

Тој предупредува дека овие промени во очите може да бидат предупредувачки знак за срцеви заболувања. Ако ги забележите овие знаци, треба да се јавите кај вашиот лекар.

Д-р Нагар наброја и други знаци кои може да укажуваат на проблеми со срцето: болка во градите, кашлање, отекување на нозете, глуждовите или стапалата, замор, забрзан или нерамномерен пулс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП