27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕве зошто електричниот модел на „Ferrari“ ќе биде посебен

Еве зошто електричниот модел на „Ferrari“ ќе биде посебен

Неодамна моќното и тивко „Porsche“ го собори рекордот во кругот на Нирбургринг, но Италијанците имаат поинакви планови за „Ferrari“.

Познато е дека Италијанците се мајстори за дизајн, но се исто толку добри и кога станува збор за обезбедување на задоволство при возењето.

Свесни дека звукот е составен дел од возачкото искуство, тие ќе вложат посебен напор за електричното „Ferrari“  кое доаѓа следната година.

Стилот и перформансите пред сѐ

Шефот на „Ferrari“, Бенедето Виња, неодамна за „CNBC“ откри дека „Ferrari“ ќе продолжи да го нагласува стилот и перформансите во своите електрични автомобили и дека нема да го изгубат „уникатното“ чувство на марката.

Виња нагласи дека „електричните автомобили не молчат“ и повтори дека „Ferrari“ работи на уникатни „звучни потписи“ за своите модели.

Виња објаснува дека технологијата ќе му овозможи на „Ferrari“ да направи многу работи.

Бидејќи клиентите на „Ferrari“ не се грижат многу за функционалноста, тие ќе можат да се фокусираат на обезбедување на своите клиенти со „емоцијата“ на нивните автомобили.

Тие остануваат верни на класиците

И покрај охрабрувањето и ветувањата поврзани со понудата на електрични модели, „Ferrari“ останува верен на класиката.

Новиот производствен капацитет ќе биде задолжен за компоненти специфични за електричните модели, додека постоечкиот ќе продолжи да произведува класични модели.

Имено, Виња не верува дека „SUS“ моторите некогаш целосно ќе исчезнат од пазарот на луксузни автомобили.

Нивниот план е да ги електрифицираат линиите до 2026-та година, а е-горивото го гледаат како една од алтернативите што ќе ги натера класичните модели да опстанат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП