4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали вештачката интелигенција може да биде уредник на вести?

Дали вештачката интелигенција може да биде уредник на вести?

Samsung откри патент кој користи вештачка интелигенција за да ги сумира документите прилагодени на корисникот.

Samsung ја претстави својата најнова предводничка серија, Galaxy S24, означувајќи го својот влез во областа на вештачката интелигенција со воведувањето на Galaxy AI.

Патентот ја опишува технологијата за сумирање документи, така што вештачката интелигенција анализира термин за пребарување. Потоа презентира различни поврзани документи, ги идентификува интересите на корисниците или политичките наклонетости и нуди приспособено резиме.

Според кинеските медиуми, се очекува Samsung да ја интегрира оваа технологија во претстојните производи како што е Galaxy 3 Flip 6 кој се очекува да биде лансиран подоцна оваа година.

Samsung понуди пример кој илустрира како вештачката интелигенција ги сумира написите.

Овој вид на патент е многу загрижувачки бидејќи создава поголем круг на предрасуди околу една личност. Ако ги читаме само информациите што ни се допаѓаат и како што сакаме, секоја поделба дополнително се проширува и продлабочува. Значи основната функција на вештачката интелигенција е да ни понуди огледало што вели „ти си најубава на светот“. Вештачката интелигенција создава нарцисоиди или едноумие од луѓето и ги шири низ целиот свет. Совршен конструкт на глобализам во кој разликите се негуваат заради една единствена цел – целосна контрола. Старата поговорка „раздели па владеј“ ја наоѓа својата материјализација токму преку вештачката интелигенција, која се смета за најголемото достигнување на денешната цивилизација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП