4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОва е најбрзиот хуманоиден робот во светот (ВИДЕО)

Ова е најбрзиот хуманоиден робот во светот (ВИДЕО)

„Unitree H1“ е хуманоиден робот со целосна големина, доволно разновиден да извршува задачи слични на луѓето, а неодамна го држеше неофицијалниот светски рекорд за брзина на трчање.

Достоен ривал добија познатиот експериментален хуманоиден робот „Atlas“ од работилницата на „Boston Dynamics“ и роботот „Optimus“ на „Tesla“ (сѐ уште длабоко во фаза на развој), како и „CyberOne“ на „Xiaomi“.

Неговото кодно име е „H1“, а доаѓа од кинеската компанија „Unitree“, која неодамна се пофали со новите достигнувања на третата верзија на својот „универзален“ робот.

„Unitree H1“ во сегашната верзија е, имено, најбрзиот хуманоиден робот во светот, кога се мери неговата брзина на трчање на рамна површина. Неофицијалниот рекорд е 3,3 метри во секунда (11,9 km/h), иако креаторите истакнуваат дека технологијата на роботот има потенцијал да трча уште побрзо, до брзина од 18 km/h.

Компанијата сними дел од своите можности во приложеното видео, каде што можеме да видиме колку брзо „H1“ е способен да трча, да скока, да се качува по скали или да манипулира со секојдневни предмети како луѓе.

Меѓу останатите карактеристики, тие истакнуваат дека „H1“ е висок 180 cm и тежок само 47 килограми (затоа е „послаб“ од „Atlas“ и „Optimus“). Работи на батерија со капацитет од 864 Wh, која може брзо да се замени, додека низ просторот се движи со помош на вградени 3D лидари и камери кои му даваат „чувство“ на длабочината на просторот. Вртежниот момент на електромоторот во најсилните зглобови (колена) е 360 Nm. Неговите раце имаат 4, а нозете вкупно 5 нивоа на слобода на движење.

Со новиот брзински рекорд, „H1“ го престигна споменатиот „Atlas“, чии спецификации велат дека може да трча со брзина од 9 km/h. Но, дури и новиот рекорд е далеку од човечки – за споредба, Усеин Болт трчаше со брзина до 44 km/h во своите победнички трки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП