26 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна „Audi A3 Allstreet“: Компакт што би сакал да биде кросовер (ФОТО/ВИДЕО)

Пристигна „Audi A3 Allstreet“: Компакт што би сакал да биде кросовер (ФОТО/ВИДЕО)

„Audi“ го претстави редизајнот на моделот „А3“, а посебно внимание привлече новата верзија за сите терени.

Семејството на модели „А3“ во 2024-та година претрпе стилски промени, но доби и одредени подобрувања. Сега има сосема нова верзија наречена „A3 Allstreet“.

Во поглед на дизајнот, освежениот „A3“ добива ревидирана предна табла, која вклучува порамна и поширока решетка со една рамка надополнета со двојни доводи за воздух и преден сплитер за кој „Audi“ вели дека му дава на автомобилот поспортски изглед.

Дизајнерите беа инспирирани и од моделите „RS“ на германската марка, што резултираше со нов браник и заден дифузор.

„Audi A3 Allstreet“ се издвојува од остатокот од семејството „A3“ со својот робустен изглед. Неговата суспензија е подигната за 15 mm, а големите тркала го зголемуваат растојанието од подлогата за уште 30 mm.

Стандардно, „A3 Allstreet“ има 17-инчни тркала, но опционално може да биде опремен со алуминиумски тркала од 18 и 19 инчи.

„Audi“ исто така го опреми автомобилот со мат црна предна решетка и нови триаголни доводи за воздух.

Стандардно е опремен и со кровни шини, има црни пластични заштитни делови на долните делови од каросеријата, како и лакови над тркалата, странични панели, браници… Има и заштитни елементи во сребрена боја напред и назад.

„Allstreet“ може да биде опционално опремен со електрична задна врата и отстранлива лента за влечење.

Моторизацијата ќе стартува со варијантата „35 TFSI“, придвижувана од 1,5-литарски „лесен“ хибриден бензински мотор кој произведува 150 ks. Моторот е поврзан со седумстепен „S Tronic“ менувач, иако подоцна ќе биде додаден и шестстепен мануелен.

Во понудата ќе има и „35 TDI“ со 2.0-литарски дизел, 150 „коњи“ и седумстепен „S Tronic“.

Други бензински, дизел и plug-in хибридни модели ќе бидат додадени во гамата во иднина.

„Audi“ ги објави препорачаните цени за европскиот пазар, па така рестилизираниот „A3 Sportback“ чини 35.600 евра, „A3 Sedan“ е поскап за 800 евра, а новиот „A3 Allstreet“ започнува од 37.450 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП