Неодамнешните гласини сугерираа дека „Sony“ се повлекува од кинескиот пазар на паметни телефони, а сега и самата компанија официјално објави.
„Sony“ објави соопштение во кое ја истакнува својата посветеност да остане во регионот на Кина, каде што ќе продолжи да работи.
„Многу деловни активности на „Sony“ во Кина, вклучително и бизнисот со мобилни телефони, се одвиваат без проблеми. Кина е еден од најважните пазари на „Sony“ и имаме големи деловни очекувања за Кина“, велат од „Sony“.
Ова е важно појаснување, со оглед на бројните гласини за судбината на компанијата во Кина. Иако телефонскиот бизнис на „Sony“ во Кина бележи пад во последниве години, компанијата е јасно решена да го задржи своето присуство на овој конкурентен пазар.
„Sony“ влезе на кинескиот пазар пред повеќе од една деценија, кога го купи уделот на „Ericsson“ во заедничко вложување.
Кога станува збор за новите телефони, гласините споменуваат дека компанијата во моментов подготвува неколку нови модели. Меѓу нив треба да бидат „Sony Xperia 1 VI“ и „5 VI“.
Нема многу детали за овие телефони, освен информацијата дека „Xperia 1 VI“ треба да користи сензори од 45 MP за сите три камери на задната страна.