2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСите останаа шокирани: Џон Сена му додели Оскар (ФОТО/ВИДЕО)

Сите останаа шокирани: Џон Сена му додели Оскар (ФОТО/ВИДЕО)

Актерот и борач Џон Сена се појави гол на големата сцена на театарот Долби и го објави добитникот на Оскар за најдобар костим.

Наградата му припадна на филмот „Poor Things“, кој претходно доби Оскар за најдобра шминка и фризура, како и за сценографија.

Водителот Џими Кимел, пред излегувањето на Сена, се присети на моментот во 1974 година кога, додека водителот Дејвид Нивен на сцената ја претставуваше Елизабет Тејлор, човек по име Оберт Опал, американски фотограф и сопственик на уметничка галерија, истрча преку сцената. Тогаш се појави Сена, кој малку по малку излезе целосно гол на сцената само покривајќи ги гениталиите.

Појавата на Сена без облека брзо привлече внимание, а на социјалните мрежи веќе се зборува дека ова е најдобриот настан од овогодинешните Оскари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП