28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали спиеш мирно, „Tesla“? Претставен нов „SUV“ за масовно производство! (ФОТО/ВИДЕО)

Дали спиеш мирно, „Tesla“? Претставен нов „SUV“ за масовно производство! (ФОТО/ВИДЕО)

Американскиот бренд „Rivian“ сака да биде она што стана „Tesla“, еден од најголемите производители на електрични возила во САД.

„Rivian“ покажа што знае и умее со моделите „R1T“ и „R1S“, кои добија многу пофалби, а сега на јавноста и ги претставија своите нови пикапи: „Rivian R2“ и неговите роднини „R3“ и „R3X“.

Моделот „Rivian R2“ е наменет за масовно производство и за освојување на најголемиот можен пазар, а се нуди во три погонски опции, од кои секоја може да помине повеќе од 480 километри со едно полнење.

Основната варијанта на „R2“ е погон на задните тркала со еден мотор, потоа има верзија со предни и задни мотори (и погон на 4 тркала). Најмоќната верзија има три мотори – два назад и еден напред, а од „стотка“ стигнува за три секунди, ако тоа некому му смета.

Дизајнот остана инспириран од првите модели, па изгледа по малку „кутија“, а се чини дека тоа ќе биде заштитен знак на овој бренд по кој ќе биде препознатлив.

Од производителот велат дека има 11 камери во пикапот, како и пет радари и дека поради тоа значително се подобрени режимите на возење базирани на автономија. Почетната цена за „R2“ е 45.000 долари, а првите испораки ќе започнат во 2026-та година.

Што се однесува до моделот „R3“, тој изгледа уште покомпактен од верзијата „R2“ – исто така ќе биде достапен во три облоги како „R2“, а иако не е наведен опсег, тој ќе ги има истите батерии како неговиот „братучед“.

Верзијата „R3X“ повеќе личи на кабриолет, а достапна е само верзијата со три мотори. Подигнат е повеќе од класичниот „R3“, и тешко дека личи на овој модел. Сѐ уште нема цена за него, како и за моделот „R3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП