5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕве колку заработија Ентони Џошуа и Френсис Нгану од нивната борба

Еве колку заработија Ентони Џошуа и Френсис Нгану од нивната борба

Саудискиот боксерски спектакл во Ријад е дизајниран за најдобрите борци во светот да се запознаат меѓу себе, но и да се збогатат, па Ентони Џошуа и Френсис Нгану и двајцата ќе заработат по осум цифри од својата борба.

Странските медиуми се обидоа да ги пресметаат нивните хонорари и тврдат дека Френсис Нгану од оваа борба ќе добие околу 18 милиони евра, а неговиот ривал Ентони Џошуа дури 45!

Но, тоа не е се, и двајцата ќе добијат бонус од продажбата на PPV и победникот ќе добие дополнителен бонус.

Нгану би требало многу да си ја зголеми сметката која веќе многу порасна по борбата со Тајсон Фјури од која заработи вкупно околу 10 милиони евра.

Ова се проекциите што ги објави Форбс врз основа на заработката во нивните претходни борби, а англиските медиуми пресметаа колку двајцата добиле по удар на последниот настан.

Според Sun, Нгану за таа борба вкупно заработил околу 10 милиони евра, поточно околу 9,7 милиони евра, а против Фјури се обидел да изврши 231 удар, па испаднало дека за секој удар заработил околу 42 илјади евра.

Џошуа против Ото Валин заработи исто колку и Нгану против Фјури, но го принуди противникот да застане по 165 удари, односно за секој удар добиваше околу 57 илјади евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП