2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКолку пари изгуби Цукерберг по неодамнешниот колапс на Фејсбук и Инстаграм?

Колку пари изгуби Цукерберг по неодамнешниот колапс на Фејсбук и Инстаграм?

Серверите на Фејсбук и Инстаграм беа прекинати во вторникот поради масовен прекин на платформите на матичната компанија Мета. Луѓето кои се обидуваа да се логираат на сајтовите и апликациите на двете социјални мрежи добија пораки за грешка и не можеа да ги освежат своите почетни страници како и обично.

Веб-страницата Downdetector посочи на стотици илјади пријавени прекини на Фејсбук и Инстаграм.

Матичната компанија на Мета ги призна проблемите. Речиси 4 милијарди луѓе користат барем една од платформите на ИТ гигантот секој месец (Фејсбук, Инстаграм, Месинџер, Воцап).

Енди Стоун, шефот за корпоративни комуникации на Мета, на платформата Х напиша дека проблемот е решен и дека е предизвикан од технички проблем.

После тоа, луѓето почнаа да шпекулираат колку пари изгубил Марк Цукерберг поради згаснувањето на популарната социјална мрежа од час и половина.

Ден Ајвс, директор на Wedbush Securities, изјави за Дејли Меил дека Цукерберг изгубил приближно 100 милиони долари приход. И цената на акцијата на Мета падна за 1,5 отсто, а оттогаш падна за 1,6 отсто.

Компанијата најголемиот дел од приходите ги остварува преку реклами кои им се прикажуваат на корисниците, а со „техничките проблеми“ кои ги урнаа платформите, падна и заработката. Малку е веројатно дека Мета ќе открие колку прекинот се одразил на нејзините финансии, изјави Ајвс за Дејли Меил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП