6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАVIBER ВОВЕДУВА НОВА ФУНКЦИЈА: Големата промена која сите ја чекаа!

VIBER ВОВЕДУВА НОВА ФУНКЦИЈА: Големата промена која сите ја чекаа!

Најновата надградба на апликацијата Viber им ја носи на корисниците функцијата chat folder, која овозможува организирање на разговорите во посебни папки за полесно користење на апликацијата

Оваа нова функција им овозможува на корисниците да креираат до пет различни фолдери, каде што можат да групираат разговори со членовите на семејството, пријателите или колегите.

Фолдерите ќе бидат прикажани на врвот на почетната страница, а корисниците можат слободно да го менуваат името на секој фолдер и да го видат бројот на непрочитани пораки. Заедно со индивидуалните разговори, во папките може да се додадат и групни разговори, канали и заедници. Сепак, важно е да се напомене дека некои разговори нема да бидат опфатени со оваа функција, како што се скриени разговори, пораки на Viber Pay и интеракции со деловни сметки.

Чет фолдерите веќе се лансирани, но ќе бидат достапни за корисниците по ажурирањето на апликацијата на верзијата 22.0 или повисока. Од компанијата велат дека овој процес ќе трае до два месеци за да се направи новата функција достапна за сите корисници преку Google Play и App Store.

Откако ќе се инсталира ажурирањето, корисниците со повеќе од 10 разговори ќе бидат известени за можностите на папката за разговор. Алтернативно, функцијата ќе се најде во делот „More“ на почетната страница на апликацијата, под опцијата „Manage Folders“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП