21 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОдисеј испиша историја: Ги испрати првите фотографии од јужната страна на Месечината(ФОТО)

Одисеј испиша историја: Ги испрати првите фотографии од јужната страна на Месечината(ФОТО)

Приватното американско вселенско летало Одисеј, кое горе-долу успешно слета на површината на Месечината минатата недела, работи без проблеми и испраќа податоци назад на Земјата, објави компанијата Intuitive Machines.

Како што истакнуваат, Одисеј ги испратил и првите фотографии од Месечината. Поточно, станува збор за фотографии кои се направени за време на спуштањето на леталото. Иако на фотографиите не се гледа многу, тие се важни, бидејќи се првите фотографии направени речиси на јужниот пол на Месечината.

Досега пристигнатите фотографии покажуваат дека Одисеј, откако поминал речиси милион километри, слетал на 1,5 километар подалеку од планираното место. Така Одисеј моментално се наоѓа на височина од 2579 метри.

Да потсетиме дека контролата на летот, лоцирана во Тексас, планира да собира податоци од Одисеј се додека е оперативен.

Одисеј испиша историја, не само поради позицијата на која слета, туку и како прво вселенско летало на приватна американска компанија кое успешно слета на Месечината. Имајќи предвид дека Intuitive Machines работи со НАСА, податоците што ги собира Одисеј ќе бидат клучни во планирањето на враќањето на астронаутите на Месечината како дел од мисијата Артемис.

Имено, Одисеј треба да собира податоци за лунарната почва и да им помогне на научниците да утврдат дали на Месечината има мраз кој би можел да се искористи за поддршка на астронаутите и потенцијална база на таа планета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП