3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААмериканците се вратија на Месечината: Одисеј е подготвен за својата авантура

Американците се вратија на Месечината: Одисеј е подготвен за својата авантура

Лендерот „Одисеј“ стана првото вселенско летало од американско производство кое слета на Месечината во последните 50 години и почна да испраќа податоци.

Ова го соопшти американската компанија Intuitive Machines.

Компанијата соопшти дека инженерите морале да ги надминат навигациските проблеми за да извршат многу тешко слетување и дека наскоро се очекуваат првите фотографии од лендерот од површината на Месечината, пренесе Си-Ен-Ен.

Американската вселенска агенција НАСА на платформата X објави дека на површината на Месечината слетало летало без екипаж и дека леталото содржи инструменти на НАСА, чии податоци ќе овозможат подготовка на идни истражувања на Месечината со екипаж.

Мисијата на лендерот „Одисеј“ има за цел да ја процени околината на јужниот пол на Месечината пред да биде планирана мисија на НАСА со екипаж да слета на сателитот на Земјата кон крајот на 2026 година.

Месечевата мисија на САД пропадна минатиот месец, бидејќи вселенското летало Peregrine One, лансирано во јануари со цел да слета на Месечината, беше уништено над Пацификот откако наиде на проблеми со истекување на гориво.

Таа мисија ја организираше американската приватна компанија Астроботик.

„Одисеј“ е првото вселенско летало лансирано од САД кое слета на површината на Месечината по мисијата Аполо 17 во 1972 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП