25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХрана која ги чисти вашите заби

Храна која ги чисти вашите заби

zabi1

Знаете колку е важно да ги миете забите после секој оброк, тоа веќе го имаме научено од најмала возраст, но што со оние моменти кога е потребно да ги измиете забите, но едноставно не можете бидејќи четкичката за заби не можете да ја носите со себе? Има решение за тоа – храната.

Храната освен што е најголема закана за вашите заби, таа може да ви помогне и како замена за четкичката за заби. Еве за кои намирници поточно станува збор:

1. Јаболко  

Јаболкото содржи фосфор, калциум и флуор, а исто така го спречува и развојот на кариесот. Докажано е дека ова овошје подобро ги чисти забите од било која четкичка за заби досега произведена.

2. Морков

Џвакањето на морковот го поттикнува лачењето на плунката која пак помага во отстранување на храната која останала во усната шуплина. Освен тоа, влакната на морковот делуваат како четкичка за заби.

3. Целер

Целерот ги чисти забите на два начина. Прво, џвакањето на целерот го поттикнува лачењето на супстанца која ги неутрализира бактериите кои го предизвикуваат кариесот. Исто така, оваа намирница преку џвакањето се провлекува меѓу забите и ја чисти усната шуплина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП