8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАУште еден гигант престанува да прави паметни телефони

Уште еден гигант престанува да прави паметни телефони

Компанијата „Meizu“ излегува од бизнисот со производство на паметни телефони, ќе се фокусира на нешто друго.

„Meizu Technology“, компанија во сопственост на производителот на автомобили „Geely“, вели дека вештачката интелигенција е иднината и ќе инвестира се во вештачката интелигенција.

Според објавата на кинеската мрежа „Weibo“, тимот што го создаде „FlymeOS“ ќе биде реструктуиран за да работи на нови терминали за вештачка интелигенција и ќе користи глобално достапни „LLM“, како што е „Open AI“.

Како што истакнува Шен Жију, извршен директор на „Xingji Meizu Group“, корисниците на паметни телефони прават долги паузи помеѓу надградбата на нивните уреди – во просек 51 месец, што е повеќе од четири години. Затоа нема да ги има повеќе уредите „Meizu 21 Pro“, „Meizu 22“ и „Meizu 23“.

Компанијата веќе ги постави темелите за своето искуство со повеќе терминали кога го објави „Flyme Auto“ – инфозабавен систем за возила создаден од „Geely“, вклучувајќи ги „Polestar“ и „Lotus“. Тие лесно и брзо се поврзуваат со уредите „FlymeOS 10“, како што се премиум моделите „Meizu 20“ и „Meizu 21“.

Новиот оперативен систем е создаден за да се користи во ерата на вештачката интелигенција и ќе биде лансиран во текот на 2024-та година. Ќе го видиме и првиот хардверски производ напојуван од таа вештачка интелигенција во оваа година.

Поддршката за актуелните телефони на „Meizu“ ќе остане во Кина, додека нема информации за уредите објавени на светскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП