6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБоаш го сака Лавеци во Тотенхем

Боаш го сака Лавеци во Тотенхем

Ezequiel Lavezzi, newly-signed player for French soccer club Paris St Germain, holds his new jersey after  a news conference at the Parc des Princes stadium in Paris

Тотехнем во текот на летниот преоден рок направи одлична работа на трансфер пазарот.

Со доведувањето на одлични играчи од средниот ред кои имаат офанзивни предиспозиции, Боаш формираше силен тим, во кој сепак недостасуваат напаѓачи.

Имено, иако тој го доведе Роберто Солдадо, Боаш во конкуренцијата го има уште и Адебајор, на кого не смета, и Дефо.

Според англискиот печат, се очекува Португалецот веќе во јануари да реагира како би можел да го корегира овој проблем. Се споменуваше Чичарито, а едно од новите имиња кое се поврзува со клубот од „Вајт Харт Лејн“ е Езекиел Лавеци.

Одличниот напаѓач на ПСЖ веќе некое време го поврзуваат со заминување од Франција, а неговата позиција во тимот дополнително е загорзена со доаѓањето на Едисон Кавани, кој покрај Ибрахимовиќ е првиот избор на тренерот Блан.

Како што објавија медиумите од Островот, и самиот Лавеци е расположен да ја промени средината, а цената која се говори е 15 милиони фунти, што е многу достапна за калибар на играч како што е поранешниот голгетер на Наполи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП