13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМацари ќе добие отказ од новиот газда?

Мацари ќе добие отказ од новиот газда?

macari

Искусниот стратег Валтер Мацари најверојатно не е по вкусот на новиот сопственик на Интер. Па како што стојат работите на крајот од сезоната, тој ќе си замине од клупата на „нероазурите“.

Луѓето на Ерик Тохир кои ќе ја превземат контролата во клубот, не се убедени дека Мацари е решение на подолг рок.

Тој има договор за уште две сезони и само во случај на некој голем резултат, тешко дека ќе остане на чело на тимот.

Причината за ова е желбата на сопственикот да направи нов Интер и да доведе некој помлад стратег, кој ќе биде познато тренерско име.

Поради тоа Мацари, последниот тренер од ерата на Морати, тешко дека ќе потрае подолго од летото 2014-та, иако има договор на уште две години.

Како главни мети на индонезискиот магнат за во јуни се споменуваат Михаел Лаудруп, менаџерот на Свонси и Франк Де Бур, тренерот на Ајакс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП