Сребрен медал за Витомир Трајковски од „Макпетрол“ на Европското карате-првенство што од 9 до 11 февруари се одржа во Тбилиси, Грузија. Претставникот на скопскиот клуб е единствениот член на македонската репрезентација што на шампионатот се закити со одличје. На меѓународниот собир настапија над 1.100 каратисти од 49 земји.
Трајковски, кој се натпреваруваше во возрасната категорија У-21, се пласира во финалето во тежинската категорија до 84 килограми. Тој освои сребрен медал по нерешениот резултат од 3-3 во финалната борба. Ерменецот Гор Нерсисјан победи со прв земен поен во натпреварот.

