3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНуклеарна фузија: Нов рекорд го приближува сонот за чиста енергија

Нуклеарна фузија: Нов рекорд го приближува сонот за чиста енергија

Нуклеарната фузија произведе најмногу енергија досега во еден експеримент, во лабораторијата JET со седиште во Велика Британија, со што светот е чекор поблиску до сонот за неограничена, чиста енергија, пишува Би-Би-Си.

Нуклеарната фузија е процес кој им дава енергија на ѕвездите. Научниците веруваат дека може да произведе огромни количества енергија без да ја загрее атмосферата.

Европските научници кои работеле во лабораторијата рекоа дека „постигнале работи што никогаш претходно не биле направени“.

Резултатот е постигнат во најновиот експеримент на лабораторијата по повеќе од 40 години истражување за фузија.

Нуклеарната фузија е процес кој му дава енергија на Сонцето. Во овој процес, парови од ситни честички, атоми, се загреваат и се спојуваат за да направат една потешка честичка која ослободува корисна енергија.

Ако успешно се зголеми на комерцијално ниво, може да се произведат бескрајни количини чиста енергија без јаглерод. А она што е клучно, за разлика од енергијата на ветерот и сончевата енергија, таа не би била на милост и немилост на временските услови.

Сепак, д-р Анека Кан од Универзитетот во Манчестер вели дека не е толку едноставно.

„За да се случи фузија на атомите на Земјата, потребни ни се температури десет пати повисоки од оние на Сонцето – околу 100 милиони Целзиусови, а исто така ни треба доволно висока густина на атоми за доволно долго време“, објасни таа.

Експериментите произведоа 69 мегаџули енергија за пет секунди. Тоа е доволно енергија за само четири до пет топли бањи – значи не е многу, пишува Би-Би-Си.

Светот е сè уште далеку од електрани со нуклеарна фузија, но со секој експеримент е чекор поблиску.

Професорот Стјуарт Манглес, шеф на Заедницата за истражување на вселената, плазмата и климата на Империал колеџ во Лондон, рече: „Новите резултати од последната работа на ЈЕТ се многу возбудливи“.

„Овој резултат навистина ја истакнува силата на меѓународната соработка и не би бил возможен без работата на стотици научници и инженери од цела Европа.

Објектот Joint European Torus (JET) беше изграден во Калхам, Оксфорд, кон крајот на 1970-тите и до крајот на минатата година беше најнапредниот експериментален реактор за фузија во светот. Сите експерименти престанаа во декември.

Реакторот требаше да биде оперативен само десет години, но повторените успеси доведоа до продолжување на неговиот животен век. Резултатот објавен денеска е три пати поголем од она што беше постигнато на слични тестови во 1997 година.

Професорот Амброџо Фасоли, програмски менаџер во EUROfusion, рече: „Нашата успешна демонстрација…влева поголема доверба во развојот на енергијата на фузија. Покрај тоа што поставивме нов рекорд, постигнавме работи што никогаш порано не сме можеле да ги направиме и го продлабочивме нашето разбирање за физиката на фузија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП