28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗа кошница полна со овошје и зеленчук плаќаат само две и пол...

За кошница полна со овошје и зеленчук плаќаат само две и пол евра: За да не се фрла храната, вака ја сортираат и ја продаваат

Цените на храната во Франција се и до двапати повисоки од кај нас, па не е ни чудо што Французите сфатиле како да искористат се и да заштедат што е можно повеќе. Во секој супермаркет можете да најдете кошници со овошје и зеленчук, на кои им истекува рокот, за само две и пол евра.

На TikTok се појави видео на кое една девојка покажува како во Франција пакуваат храна со истечен рок, која е наменета за сите кои сакаат да заштедат пари.

– Вака ги пакуваат во картонски кутии и ги продаваат по пониска цена. Сето тоа за да се избегне фрлање на храна, но и да се нахранат луѓето кои навистина немаат можност да купуваат свежа храна по високи цени – започнува TikToker-ката.

Потоа, продолжила да ја вади од корпата сета содржина што била во неа и го објаснила рокот на траење на овие овошја и зеленчуци.

– Една ваква корпа во која се гледа се што ќе извадам од неа чини две и пол евра. Некогаш има повеќе овошје, а некогаш повеќе зеленчук, а за два-три дена треба да изедете повеќе или помалку сè, бидејќи после тоа веќе не е употребливо – продолжува таа.

Исто така, според неа, сето тоа се јаде и ништо не е гнило.

– Срамота е што покрај толку многу земји во светот, каде што дури и децата немаат што да јадат, ние во одредени земји фрламе храна. Затоа паметните луѓе се сетија како да ја искористат целата храна, да трошат што помалку, а финансиски да се снајдат што е можно подобро – заклучува младата TikToker-ка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП