27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСвадба за паметење во соседството: За невестата искеширале 100 илјади евра, бабата...

Свадба за паметење во соседството: За невестата искеширале 100 илјади евра, бабата донираше вила од 600 квадрати

Малолетните младоженци кои на денот на венчавката го прославија својот 18 роденден, на нивната прослава во Љубљана беа домаќини на сватови од целиот свет. На подарок добиле десетици илјади евра, златна прачка, па дури и куќа од 600 квадрати.

Посебно внимание привлече ромската свадбена веселба на која се славеше љубовта на 18-годишен млад човек и малолетна невеста. На венчавката присуствуваа стотина гости, насекаде летаа банкноти, а младенците дури добија и куќа од 600 квадратни метри како подарок од нивната баба.

Минатиот викенд во Љубљана се одржа раскошна прослава достојна за кралските дворови. Мајката на 18-годишниот младоженец е поранешна мисица. Таа во луксузен фустан објасни дека не се работи за договорен брак, туку дека младиот човек и девојката навистина се заљубиле. Невестата, која е многу млада, блеснала во раскошна венчаница, а нејзините гости свадбената веселба ја опсипувале со пари, па дури и со злато.

Новопечениот свекор за својата снаа вели дека и дарувал 100.000 евра, но додава дека „за ваква снаа тоа не е многу“. Некои од гостите носеа по 50.000 евра во торбите со објаснување дека тоа е „само за бакшиш“. На некои свадби е обичај на микрофон да се прочита колку пари секој гостин им дал на младенците, па свадбарите дознале дека најголемата сума на подарок изнесувала повеќе од 10.000 евра.

Имаше и часовници Ролекс, скапи уметнички дела, а гостите по ред ги забавуваа неколку пејачи на кои гостите им делеа банкноти од 500 евра. Парите се лепеле и на тортата. Секако прославата продолжила и следниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП