26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПристигнуваат нови LG монитори

Пристигнуваат нови LG монитори

lg

Компанијата „LG Electronics“ ќе претстави професионални монитори на „ISE“ (Integrated Systems Europe) саемот кој се одржува од 29 до 31 јануари, во Амстердам и ги собира заедно најпрестижните светски производители на аудио, видео опрема и на интегрирани системи за сигнализација.

Под слоганот „Моќ и професионалност“, „LG“ ќе ги претстави „Ultra HD multi-touch“ мониторите, „Smart Mirror“ уредите, како и најновите транспарентни дисплеи.

Посетителите на „ISE“ саемот ќе имаат прилика да видат и 3Д проекција, кој се состои од 49 екрани со дијагонала од 55 инчи (модел 55WV70MD).

Рамките на овие екрани се доста тенки, само 5,3 милиметри со што оставаат впечаток дека станува збор за еден огромен џиновски екран.

„LG FPR“( Film Patterned Retarder) 3Д системите користат 3Д наочари, за кои не е потребно никакво дополнително полнење.

„Нашите производи користат напредна „IPS“ технологија која овозможува извонреден квалитет на сликата“, изјави Хавис Квон, претседател и извршен директор на компанијата „LG Home Entertainment“.

„Екраните за дигитална сигнализација се видливи скоро од секој агол, така што корисниците можат да ја пратат содржината од било која положба, без оглед дали дисплејот е поставен на отворен или затворен простор“.

За разлика од конвенционалните телевизори, екраните кои се користат на отворени површини мораат да бидат видливи во сите услови на осветлување и во сите временски услови.

Овој модел го карактеризира широк агол на гледање, непостојана дисторзија, како и конзистентност и контраст на боите.

„IPS“ професионалните монитори на компанијата „LG“ поседуваат и „Smart Energy Saving“ технологија која овозможува заштеда од околу 30 отсто на електрична енергија во споредба со конвенционалните модели.

„LG Ultra HD multi-touch“, со дијагонала од 84 инчи, претставува најголем Ultra HD  екран во светот од ваков вид и поседува четири пати поголема резолуција (3840 x 2160) во однос на стандардните HD модели.

Благодарение на „Google Maps“  апликацијата, моделот LG 84WТ70 ќе ги демонстрира своите интерактивни капацитети, така што сите посетители на саемот ќе имаат прилика да поминат низ своите омилени туристички дестинации и тоа со Ultra HD резолуција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП