Пред неколку дена беше наредено повлекување на производ од пазарот, како и повлекување од потрошувачите. Станува збор за USB слушалки за компјутер и лаптоп, за што и продавачот издаде предупредување.
Конкретно, се работи за модел на USB слушалки за компјутер и лаптоп бренд Trust, црна боја, модел 24132, баркод 8713439241327, сериски број 2103120xxxx, спакуван во картонска кутија.
Како што објаснуваат од NEPRO, причината за повлекување на производот е дека постои хемиски ризик.
Имено, пластичниот материјал (изолација на жица) на споменатиот уред содржи зголемена концентрација на bis(2-ethylhexyl)phthalate (DEPH), чија измерена вредност е 0,26% по маса. Овој фталат може да му наштети на здравјето со тоа што евентуално ќе предизвика оштетување на репродуктивниот систем. Уредот не е во согласност со регулативата REACH.
Наредено е повлекување на производот од пазарот, како и повлекување на производот од потрошувачите.
Денеска и продавачот предупреди за штетноста на производот, а за тоа ги избестил и своите клиенти.
“Имајќи го предвид горенаведеното, ги повикуваме сите потрошувачи и други корисници кои претходно купиле од TRUST USB слушалки за компјутер и лаптоп, модел 24132 серија 2103120xxxx веднаш да престанат да го користат овој уред и да ги вратат уредите од наведената серија на овој модел до продажното место, за замена или рефундирање. За остварување на правото на замена на уредот и враќање на средствата, од потрошувачите нема да се бара да достават доказ за купување (сметка).“