18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНани го менува Снајдер во Галатасарај

Нани го менува Снајдер во Галатасарај

nani

Турскиот шампион Галатасарај во зимскиот преоден рок ќе направи нов обид да го привлече португалскиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Луис Нани.

Според турските медиуми гигантот од Истанбул ќе бара заменик на холандскиот репрезентативец Весли Снајдер, за кој се повеќе се шпекулира дека може да премине во Челзи. Имено Нани може да биде совршен заменик на Снајдер, а Галатасарај е подготвен да понуди 15 милиони евра за Португалецот.

Раководството на Галатасарај го посакуваше Нани уште во текот на летото, но тогаш тие предложија за него само 7 милиони евра, кои се видоа крајно несоодветни за шефовите на „црвените ѓаволи“ кои бараат минимум 10 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП