20 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 06.02.2024

Дневен хороскоп 06.02.2024

Овен (21.03 – 20.04)

Поведете сметка за тоа како се однеусвате на работа. Соработниците ве толкуваат на погрешен начин. Во љубовта можно е да поминувате низ тешок период.

Бик (21.04 – 21.05)

Денес може да очекувате повеќе обврски, но без брзање, бидејќи така ќе погрешите. Ви се допаѓа некоја личност, но никако да и пријдете.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Се преценувате себе и своите можности, доколку бидете пореални полесно ќе го поднесете притисокот. Во љубовта ова е идеално време за смислување на љубовни стратегии.

Рак (22.06 – 22.07)

Нема потреба премногу да се експонирате во деловниот свет. Тоа нема да ги зголеми вашите заслуги. Имате чувство дека страста некако ја снемува, обидете се да ја обновите љубовната врска.

Лав (23.07 – 22.08)

Премногу сте горди и не сакате да зборувате за проблемите кои ве измачуваат. Во љубовта имате чувство дека на партнерот не му е грижа за вас. Зборувајте отворено за тоа.

Девица (23.08 – 22.09)

Оптеретени сте со деловните планови и обврски. Одморете малку. Во љубовта иако не сакате, се почесто се одалечувате од партнерот, преземете нешто.

Вага (23.09 – 22.10)

Имате чувство дека сте подобри од другите и дека ви претстои голем успех. Самодовербаа ќе ви помогне на многу начини. Во љубовта сте во заблуда, а поради тоа погрешно го толкувате однесувањето на партнерот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Сакате да имате подобра деловна позиција, но не знаете на кој начин да го постигнете тоа. Побарајте совет. Во љубовта ситуацијата е неповолна, партнерот се сомнева во вас.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес морате да бидете внимателни и мудри. Во спротивно, можете да направите сериозна грешка. Време е со партнерот да ги прекинете сите кавги.

Јарец (22.12 – 20.01)

Можна е кавга од личност која хиерархиски е над вас. Во љубовта сте го загубиле почетниот занес. Нешто ќе ви биде тешко, но нема да откриете што.

Водолија (21.01 – 19.02)

Деловните правила брзо се менуваат. Обидете се да се прилагодите. Во љубовта за да ги остварите своите намери морате да се откажете од некои нешта.

Риби (20.02 – 20.03)

Снаодливи сте, а тоа ќе ви донесе одлични резултати. Во љубовта партнерот не исполнил нешто што ви ветил. Иако сте лути, избегнете реакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП