9 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИДен на одлука - Банкрот или Не!?

Ден на одлука – Банкрот или Не!?

dolar

Денес во сенатот на Соединетите Американски Држави се одлучува иднината на американската економија! Доцна синоќа пристигнаа информации дека двете страни на сенатот делумно се договориле да се изгласа зголемување на плафонот за надворешни долгови на САД, што и е можеби единствена варијанта за спас од банкротот!

Доколку се изгласа овој предлог кој наиде на поздравување од страна на претседателот Барак Обама, најверојатно ќе сноси свои последици како што се намалување на кредитниот рејтинг од страна на Фич, од ААА на АА+.

Тоа ќе ја разниша американската берза и самата валута, доларот најверојатно  ќе потоне во однос на сите други главни валути, кој и технички гледано е во немоќ и забележува историски пад.

Валутниот пар EUR/USD ита кон нов највисок рекорд за 2013-та година. Највисока цена беше постигната во Фебруари на 1,3700, која сега ни претставува и најголем Отпор.

Се си доаѓа во вистинско време, буквално кога цената се наоѓа до некој историски левел, се случуваат важни економски вести или кризни моменти во некоја од економско влијателните држави во светот.

За цената да го пробие овој отпор на 1,3700 е потребно силна вест како што не очекува денешното гласање на сенатот во САД.

Наша претпоставка при калкулацијата на фундаменталните и техничките индикатори е дека што и да се изгласа во конгресот на САД, доларот најверојатно ќе продолжи да тоне и тоа со позасилено темпо.

Едно што може да се случи при самите новости за да не се изненадиме, е после веројатното позитивно гласање за зголемување на лимитот на долгови на САД цената на доларот вештачки да скокне во краток период, како резултат на големите “Маркет Мејкери” кои секогаш ги користат спротивните налози на помалите институционалци и индивидуални трговци за реализирање на позначителен профит во краток период или тоа ние го нарекуваме легална кражба! Затоа ВНИМАВАЈТЕ!

За поодлучните и интелегентни инвеститори и трговци им препорачуваме да го искористат овој историски момент за реализирање на евентуален профит така да за да се биде на готовност може да отворете Реална Сметка за Тргување и да се постават Куповни налози кај валутниот пар Евро наспроти Долар или “BUY – EUR/USD”  на цена 1,3500 и 1,3550со планирана цел на 1,3700. Доколку се пробие цената на 1,3700 може да ги оставите куповните налози и ваќиот профит да се зголемува при евентуалниот долгорочен раст на еврото во однос на доларот дури и до цена 1,3950.

За Трговците кои не сакаат да ризикуваат со сопствени средства може да отворите виртуелна Демо Сметка за Тргување, превземете ја Платформата за Тргување и да раководете на ист начин како со реални средства симулативно, на реална цена на вредност при валутните парови!

Ве молиме да внимавате, колку и да е веројатен скокот на еврото во однос на доларот, да не ризикуватѕе повеќе од 2% по налог од слободните средства на трговската сметка!!!

Графички приказ и анализа за EUR/USD:

uyytrt

Срдечно,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП