2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Telegram“ добива големи промени

„Telegram“ добива големи промени

„Telegram“ имплементира ажурирање, кое носи неколку важни промени во апликацијата за пораки.

Апликацијата „Telegram“ воведе голем број ажурирања како што се аудио и видео пораки кои може да се видат само еднаш пред да исчезнат или можност за паузирање на снимањето додека се испраќаат пораки.

Корисниците на „Telegram“ сега можат да почнат да снимаат со допирање на иконата „преглед еднаш“ (view once) за да му овозможат на примачот да ја слуша или гледа пораката само еднаш, пишува „Tech Crunch“.

Оваа функција е одлична за секој кој сака да испраќа чувствителни податоци или медиумска содржина.

Покрај тоа, „Telegram“ воведува можност за паузирање и продолжување на снимањето за гласовни и видео пораки преку истото мени.

Компанијата со седиште во Дубаи, исто така, воведува некои нови функции за премиум корисниците, како што е можноста да се скрие времето кога корисникот прочитал нечија порака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП