Репрезентација на Франција ја освои титулата на Европското првенство во ракомет. Во финалето, актуелниот олимписки шампион Франција, го победи светскиот првак Данска со 33:31. Натпреварот во регуларниот дел заврши без победник 27:27 (14:14). Франција четврти пат во историјата стана континетален првак.
Многу симболика имаше во финалниот меч на двете најквалитетни репрезентации во светот. Никола Карабатиќ го одигра последниото ЕП за Франција и го освои 17.медал во дресот на националниот тим, а Микел Хансен, кој со девет гола беше најефикасен играч на мечот, со 296 гола стана најефикасниот играч во историјата на Европските првенства.

