27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Макпетрол“ е најуспешен клуб во 2023 според Карате федерацијата на Македонија

„Макпетрол“ е најуспешен клуб во 2023 според Карате федерацијата на Македонија

Единаесет признанија доби клубот „Макпетрол“ на свеченоста „Најуспешни во карате спортот за 2023 година“ организирана од Карате федерацијата на Македонија (КФМ). За врвните резултати и за успешната работа, скопската екипа беше најдобра во генералниот пласман во највозрасните категории на сениори и сениорки, како и постари јуниори и постари јуниорки (У21). 

На церемонијата што вчера се одржа во хотелот „Континентал“, КФМ ги прогласи најдобрите индивидуалци во машка и во женска конкуренција, тренери, како и најуспешниот клуб за минатата сезона. Членови на „Макпетрол“ се закитија со седум први места. Признанијата се резултат на освоените медали на светско ниво, потоа одличја од сениорски светски лиги, европски првенства и универзијади, како и трофеи од медитерански и од балкански шампионати. Клубот, исто така, е најдобро рангиран на државните првенства во сениорска и во младинска конкуренција.

– Задоволни сме од врвните резултатски постигнувања на сите каратисти за 2023 година и особено радува податокот што клубот беше прогласен за најдобар во двете изборни категории, а тоа се сениорската категорија и младинската категорија на успешност и се најде убедливо на првото место. Ова се само дел од показателите дека клубот со право го носи епитетот најдобар во карате спортот во Македонија. Речиси три децении со извонредните резултати сме во самиот врв на македонското карате – истакнуваат од карате клубот „Макпетрол“.

Ова е целата листа на признанија освоени од „Макпетрол“: Петар Заборски (второ место во сениорска конкуренција), Витомир Трајковски (прво место во постари јуниори – У21), Стефан Стојановиќ (второ место во постари јуниори – У21), Ангела Мојсовска (прво место во сениорска конкуренција), Петар Спасеновски (трето место во сениорска конкуренција), Викторија Јовановска (прво место во постари јуниорки -У21), Јована Мицовска (трето место во постари јуниорки – У21), најдобар клуб во сениорска конкуренција, најдобар клуб во младинска конкуренција, најдобар тренер во сениорска конкуренција (Бошко Заборски), најдобар тренер во младинска конкуренција (Петар Заборски).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП