9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКој прв до Коке?

Кој прв до Коке?

koke

Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид оваа сезона е во одлична форма, па поради тоа тој е во фокусот на големите европски клубови.

Атлетико Мадрид го дели првото место со Барселона на врвот на таблета со максимален учниок во првите 8 кола, а младиот Коке е еден од најзаслужните за одличниот старт на „јорганџиите“.

Шпанските медиуми веќе го нарекуваат „новиот Чави“, а Барселона веќе покажа интерес за него, па дури би можел во блиска иднина да го замени токму Чави.

Еден од творците на тика-така во Барселона е веќе по поодминати години и поради тоа Барса бара негова замена.

Сепак Каталонците нема да можат туку така да го земат Коке, затоа што за него се интересира и Дејвид Мојс, менаџерот на Јунајтед.

Шкотскиот стратег е импресиониран од настапите на 21-годишниот фудбалер во оваа сеозна и ќе се обиде уште во јануари да го купи.

Коке во договорот има клаузула според која тој ќе биде слободен ако на Атлетико му се платат 16 милиони евра, а оваа сума не претставува проблем за најмоќните европски клубови.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП