8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАко ги имате овие три симптоми треба да престанете да пиете кафе

Ако ги имате овие три симптоми треба да престанете да пиете кафе

Кафето е еден од омилените пијалоци што ви помага да се чувствувате будни и способни да се соочите со денот полни со енергија.

Еден лекар од брза помош открил дека луѓето кои доживуваат одредени симптоми треба да го заменат овој сакан пијалок со поздрава алтернатива.

Д-р Суи, општ лекар и лекар за итни случаи, рече дека луѓето кои не можат да заспијат, кои се вознемирени или чие срце забрзано чука треба да пијат помалку кафе, а некои дури и да престанат да пијат кафе.

Лекарот истакна дека пиењето кафе има здравствени придобивки, но дека спиењето сепак мора да ви биде приоритет.

„Кафето има долг полуживот и останува во вашиот систем многу подолго отколку што мислите. Ова значи дека вашата утринска шолја кафе веројатно сè уште ќе биде во вашиот систем кога ќе се обидете да легнете таа вечер, а тоа значително ќе го намали квалитетот на вашиот сон.“, пишува „Мирор“.

Ако сакате да ја намалите потрошувачката на кафе од здравствени причини, секогаш можете да се обидете да пиете кафе без кофеин или билни чаеви со низок процент на кофеин.

Ќе ја задоволи вашата дневна потреба за напиток кој ќе ве подигне, а во многу помала мера ќе внесете кофеин во организмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП