2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple Vision Pro“ чини 3.500 долари, но доколку се скрши ...

„Apple Vision Pro“ чини 3.500 долари, но доколку се скрши …

За неколку дена, „Apple“ официјално ќе го пушти својот „Apple Vision Pro“ уред за мешана реалност. Има неколку интересни функции, но и висока цена.

Новиот „Vision Pro“ уред на „Apple“ ќе има почетна цена од 3.500 долари, додека цената ќе скокне на 4.800 долари доколку корисникот се одлучи за простор за складирање од 1 TB.

Сепак, ќе мора добро да се грижите за него, бидејќи ако се расипе или го оштетите – сервисирањето ќе ве чини цело богатство.

Корисниците кои купуваат „Apple Vision Pro“ и немаат заштита од „AppleCare+“ ќе треба да потрошат до 2.400 долари за сервисирање на уредот.

Заштитата на „AppleCare+“ чини 499 долари и ќе биде потребна доколку оштетите екстремно скап дел, како што е дисплејот. Со оваа заштита, поправката на уредот ќе чини само 299 долари.

„Apple“ истакнува дека со споменатата програма добивате двегодишна заштита и вклучува неограничено сервисирање на „Vision Pro“ од случајно оштетување, сертифицирана поддршка од „Apple“ и друго, а сето тоа веќе им е познато на корисниците на екосистемот на „Apple“.

Уредот „Apple Vision Pro“ моментално е на претходна нарачка, а официјалната продажба започнува на 2-ри февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП