3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗабрана за деца на „Ноу Камп“ на Ел Класико

Забрана за деца на „Ноу Камп“ на Ел Класико

deca barsa

Деца под седумгодишна возраст ќе можат да влезат на „Ноу Камп“ за дербито помеѓу Барселона и Реал Мадрид на 26-ти октомври, само со специјална дозвола и откако ќе бидат регистрирани. Досега децата влегуваа бесплатно и без ограничувања, но мораа да бидат придружени од возрасен.

Оваа мерка е одобрена од Бордот на директори на Барселона, за да се избегне „вонредната постетеност“ на стадионот, за натпреварите во кои има најголем број гледачи. Барселона се надева и на законот, според кој на стадион нема право да влегува ниту едно лице без билет.

„Нашиот клуб ги поздрави посети на цели семејства на натпреварите. Но во слични натпревари, не смееме да ризикуваме, бидејќи постои реална физичка опасност при различни можни ситуации“, објасни портпаролот на „каталонците“.

Засега, забраната ќе важи само за натпреварот со Реал Мадрид. Во дуелот на Барселона со Валјадолид од минатото коло имало над 10 илјади деца без билет. За Ел Класико истражувањата покажуваат дека оваа бројка ќе изнесува 40 илјади деца.

Претседателот на Барселона Сандро Росел ја бранеше одлуката со зборовите :

„Сакам да зборуваат за мене како Росел, кој не пушта децата на стадионот, отколку како за Росел кој ги уби нашите деца“.

„Свесен сум што ќе предизвика тоа за клубот, но тоа е одговорност која треба да ја преземеме“, додаде Росел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП