28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Tesla“ подготвува нов кросовер за 25.000 долари

„Tesla“ подготвува нов кросовер за 25.000 долари

Американскиот производител „Tesla“ ќе започне со производство на нов електричен автомобил во 2025-та година, пренесува „Reuters“, повикувајќи се на свои извори во компанијата на Илон Маск.

Цените на новиот производ на марката ќе започнуваат од 25.000 долари, што ќе му овозможи да се натпреварува со кинеските електрични автомобили „BYD“. Токму оваа компанија ја престигна „Tesla“ и стана најголемиот производител на електрични автомобили во светот на крајот на минатата година.

Според информациите, работното име на новиот електричен автомобил е „Redwood“. Автомобилот е позициониран како компактен кросовер, кој ќе биде наменет за масовниот потрошувач. Извори на „Reuters“ велат дека „Tesla“ планира да произведува околу 10.000 единици неделно од новиот модел.

Уште во 2020-та година, извршниот директор на компанијата Илон Маск ги објави плановите за производство на достапни електрични автомобили по цена од 25.000 долари. Во моментов, најевтината понуда на „Tesla“, седанот „Model 3“, се продава во САД од 38.990 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП