30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНа Марс е пронајдено огромно количество мраз. Ако се стопи, водата ќе...

На Марс е пронајдено огромно количество мраз. Ако се стопи, водата ќе ја покрие целата планета

Површината на Марс може да изгледа безживотно, суво и неплодно, но Црвената планета изгледа дека во своите длабочини има многу тајни, како што се „замрзнатите езера“. Mars Express, вселенското летало на Европската вселенска агенција (ESA) кое орбитира околу Марс, повторно посети едно од најмистериозните области на планетата и откри дека под прашливата и сува површина лежат огромни слоеви на воден мраз.

Пред повеќе од 15 години, Mars Express ја проучуваше формацијата Medusae Fossae (MFF) и откри масивни наслаги длабоки до 2,5 километри, но во тоа време не беше можно да се знае што точно е тоа. „Повторно го испитавме MFF и користејќи го радарот MARSIS откривме дека наслагите се поголеми отколку што мислевме, а се протегаат до 3,7 километри во длабочина“, рече планетарниот научник Томас Вотерс од научниот центар на институцијата Смитсонијан во САД.

Ако мразот од MFF се стопи, водата ќе ја покрие целата планета

„Она што е особено возбудливо е што радарските сигнали се совпаѓаат со оние на ледените наслаги и се слични на сигналите од поларните капи на Марс, за кои знаеме дека се полни со замрзната вода“, додаде Вотерс. Ако мразот од MFF се стопи, целата планета би била покриена со вода длабока помеѓу 1,5 и 2,7 метри. Значи, тоа е многу голем резервоар со замрзната вода, доволно голем за да го наполни Црвеното Море на Земјата.

Мистериозната површина на Црвената планета е полна со знаци дека водаta некогаш била изобилна. Научниците пронајдоа исушени речни канали и корита на древни езера и мориња на Марс. Тие, исто така, забележаа значителни резерви на воден мраз, скриени на поларните капи, во близина на екваторот или, на некои места, дури и многу блиску до самата површина.

„Ова може да го промени нашето разбирање за климатската историја на Марс“

Вакви огромни наслаги на мраз, како она во MFF, не можеле да се формираат во сегашната клима на планетата и веројатно биле создадени во претходната климатска епоха. „Оваа најнова анализа го оспорува нашето разбирање за формацијата Medusae Fossae и нуди онолку прашања колку и одговори“, рече планетарниот научник од ЕСА, Колин Вилсон.

„Пред колку време се формираа овие ледени наслаги и каков беше Марс во тоа време? Ако се потврди дека е воден мраз, тогаш овие масивни наслаги ќе го променат нашето разбирање за климатската историја на Марс“, рече Вилсон.

„Мислам дека сите древни резервоари за вода на Марс се фасцинантни и треба да се истражат. За жал, наслагите на MFF се покриени со стотици метри прашина, што значи дека нема да можеме да дојдеме до нив некое време“, додава тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП