1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПрофилите се одвојуваат, нема повеќе споделување информации

Профилите се одвојуваат, нема повеќе споделување информации

Американската компанија „Meta“ објави дека корисниците на нејзините услуги во Европската унија ќе можат да ги одвојат своите профили на „Facebook“ и „Instragram“, како и исклучување од другите апликации на „Мeta“.

Овие промени значат дека потрошувачите во ЕУ ќе можат да ги користат апликациите на „Мeta“ кои нема да споделуваат кориснички информации меѓу себе, пренесува технолошкиот портал „The Verge“.

„Одлуката на компанијата „Мeta“ е донесена во светло на фактот дека новиот Закон за дигитални пазари (DMA) ќе стапи на сила во Европската унија во март, а корисниците во ЕУ ќе добијат информации за промените во наредните недели. “ се вели во соопштението.

Меѓу другото, корисниците ќе можат да го користат „Messenger“ како самостојна услуга без сметка на „Facebook“ и да ги одвојат своите профили на „Facebook“ и „Instagram“ доколку претходно ги поврзале.

Услугите на платформите „Facebook Marketplace“ и „Facebook Gaming“ ќе бидат достапни дури и ако корисникот не е поврзан со неговата главна сметка на „Facebook“.

Најавата на „Мeta“ доаѓа откако „Google“ на почетокот на овој месец објави на сличен начин дека ќе им овозможи на корисниците да престанат да споделуваат податоци помеѓу услугите како „Google Search“, „YouTube“, „Google Maps“ и веб-прелистувачот „Chrome“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП