Стефан Стојановиќ се закити со сребро, а Јована Мицовска и Данило Божовиќ освоија бронзени медали на меѓународниот карате турнир „Гран при Кроација“ што од 19 до 21 јануари се одржува во Самобор. Хрватскиот град беше домаќин на 1.539 каратисти од 29 земји, односно 233 клубови.
Стојановиќ, актуелен светски вицепрвак и европски бронзен медалист, се натпреваруваше во категоријата +84 кг. (У21). На почетокот на турнирот тој се пласира во финалето и исто како минатата година освои сребрен медал. Божовиќ, во истата тежинска и возрасна категорија, (над 84 кг., постари јуниори), се закити со бронза. Мицовска се пласира на третата позиција во категоријата -61 кг. (У21).

