27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАБезос инвестираше милиони во нова компанија, сака да го симне Google од...

Безос инвестираше милиони во нова компанија, сака да го симне Google од тронот

Google доминира со интернет пребарувачот повеќе од две децении, но сопственикот на Амазон Џеф Безос верува дека вештачката интелигенција ќе го промени начинот на кој луѓето ќе наоѓаат информации.

Затоа, Безос минатата недела инвестираше неколку милиони долари во Perplexity AI, стартап кој се надева дека ќе го револуционизира пребарувањето со одговори генерирани од вештачката интелигенција и ќе го направи Google нешто од минатото.

„Google ќе се смета за стар и застарен. Ако можете да добиете директен одговор, не ви требаат линкови“, изјави основачот на стартапот Аравинд Сринивас за Ројтерс минатата недела.

Perplexity AI е како вкрстување помеѓу ChatGPT и Google Search, бидејќи пристапува кон пребарувањето поинаку од Google. Наместо листа на линкови, Perplexity одговара на вашето прашање во едноставен параграф генериран од вештачката интелигенција.

Работи на водечките LLM од OpenAI и Anthropic, но креаторите велат дека Perplexity обезбедува повеќе ажурирани и точни информации од нивните јазични модели ChatGPT и Claude.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП