8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус ја одреди цената на Погба

Јувентус ја одреди цената на Погба

pogba

Раководството на Јувентус ќе побара 40 милиони фунти (околу 46 милиони евра), за да се раздели со Пол Погба, тврди „Дејли Стар“.

Од „старата дама“ веќе навестија дека тешко ќе успеат во своите редови да ја задржат младата ѕвезда. Интересот кон Французинот расте со секој изминат ден, а според информациите најсериозни кандидати за неговиот потпис се англиските гиганти Челзи и Арсенал.

Во исто време Јуве својот интерес го насочи кон напаѓачот на Астон Вила, Кристијан Бентеке и евентуалната продажба на Погба може да ги донесе потребните средства за привлекување на Белгиецот.

Погба веќе неколку пати најави дека се чувствува среќен во Јувентус и не сака да го напушти клубот. Во исто време, тој се уште не потпишал нов договор, а актуелниот негов договор истекува во 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП