1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ на тронот во уште еден сегмент

„Apple“ на тронот во уште еден сегмент

Во 2023-та година, американскиот технолошки гигант „Apple“ ја престигна јужнокорејската компанија „Samsung“ по обемот на производство на паметни телефони, испорачајќи 234,6 милиони уреди, покажуваат податоците на истражувачката група „IDC“.

„Samsung“, кој е глобален лидер во производството на паметни телефони во последните 12 години, произведе 226,6 милиони уреди во 2023-та година.

„Apple“ долго време е најуспешниот производител на паметни телефони во однос на приходите и профитот благодарение на доминацијата на своите „iPhone“ уреди на пазарот, а сега за прв пат е лидер по обем на производство.

Во 2023-та година, испораките на „јаболкото“ се зголемија за 3,7 проценти на годишно ниво, додека испораките на „Samsung“ паднаа за 13,6 проценти во истиот период.

Минатата година беше најлоша во последните 10 години за пазарот на паметни телефони, бидејќи вкупните испораки паднаа за 3,2 отсто на годишно ниво на 1,17 милијарди уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП