4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Собирам монети за да си купам нов велосипед“ – необично хоби на...

„Собирам монети за да си купам нов велосипед“ – необично хоби на малиот Стефан од Скопје

Младиот Стефан од Скопје има необична навика – секој ден собира монети од 1, 2 и 5 денари и ги чува во една дрвена кутија којашто е запечатена.

Тој вели дека тоа го прави од мал, бидејќи сака да има свои пари и да не зависи од родителите.

„Отсекогаш ми се допаѓале монетите, имаат некаква посебна вредност и сјај. Кога добивам кусур во монети, не го трошам на непотребни работи, туку го ставам во кутијата. Не ги бројам парите, туку ги чекам да се натрупаат”, вели Стефан, кој е ученик во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Скопје.

Тој додава дека неговата кутија е тешка околу 10 килограми и дека не знае колку пари има во неа. Неговиот план е да ги замени монетите за банкноти и да си купи нешто што го сака одамна – нов велосипед.

„Велосипедот ми е сон, сакам да возам низ градот со моите пријатели. Сега имам само стар велосипед кој го наследив од мојот брат, ама тој често се расипува. Со новиот велосипед би бил многу среќен“, кажува Стефан.

Неговата мајка Радмила во разговор за Денар вели дека е горда со својот син и дека го поддржува во неговата навика. Таа вели дека Стефан е многу штедлив и одговорен за своите години и дека заслужува да си ја исполни својата желба.

„Стефан е пример за сите деца, тој учи добро, помага во домаќинството и не бара многу пари од нас. Тој секогаш собира монети, па дури и од нас и од баба и дедо. Ние му даваме колку можеме, а и ние самите не знаеме колку пари има во кутијата. Сакаме сите да се изненадиме кога ќе ги преброи”, вели неговата мајка.

Стефан вели дека нема да го отвори својот „банкарски сеф“ додека не собере доволно пари за велосипедот.

„Јас не сум алчен, ама сакам да имам свои пари и да не молам никого. Ова е мојот начин да заработам и да си купам нешто што го сакам. Не знам дали има други деца што го прават ова, ама јас сум среќен таков каков што сум“, заклучува Стефан.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП