Брзиот начон на живот ги истоштува луѓето, па за да си го олеснат стресот и да се опуштат, тие се обраќаат кон масажерите.
Но, сега работите се малку променети: не одат луѓето во студијата за масажа, туку студијата за масажа одат кај луѓето!
Ова е новиот тренд кој се забележува во последно време.
Денар разговараше со еден масажер/физиотерапевт од Скопје кој ни кажа дека е пребукиран и дека не може глава да крене од повици за работа.
„Луѓето како да се срамат да одат во студија за масажа, а многумина од нив и немаат време за таков луксуз. Плус, тие сакаат да се масираат во својата удобност и приватност. Затоа, тие ме бараат да им дојдам дома и да ги масирам во нивниот кревет”, вели тој.
Тој наплаќа 20 денари за минута, а 150 денари наплаќа за неговото пристигнување до вашиот дом, но само во околината на главниот град.
Па така, доколку сакате масажа од 30 минути, тоа значи дека ќе платите вкупно 750 денари за услугата.
„Ова е добра цена за мене и за клиентите. Јас заработувам повеќе од што би заработил во студио, а тие уживаат во квалитетна масажа без да треба да излегуваат од дома”, додава тој.
Според него, најчесто бараните видови на масажа се релаксирачка, спортска и терапевтска.
Тој користи различни техники и прибори, како што се ароматерапија, топли камења и масажери на батерии.
„Секој клиент има свои потреби и преференции. Јас се обидувам да ги задоволам сите и да им го обезбедам најдоброто можно искуство. Масажата не е само за телото, туку и за душата”, заклучува тој.
Б.З.М.