28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХумелс може да преговара со Барса

Хумелс може да преговара со Барса

humels

Раководството на Борусија Дортмунд  му даде „зелено светло“ на централниот дефанзивец, Матс Хумелс да разговара со претставници на Барселона, тврди весникот „Билд“.

Според веста, германскиот репрезентативец најверојатно ќе премине на „Камп Ноу“ на крајот на сезоната, а договорот „фудбалер – клуб“ нема да биде пречка.

24 – годишниот дефанзивец има договор со „милионерите“ до јуни 2017-та година со откупна клаузула од 35 милиони евра. Неговата трансферна цена сега е околу 26 милиони евра.

Од Барса пак изјавија дека нема да привлечат нов дефанзивец до крајот на сезоната и ќе се потпираат на вклучувањето на Карлес Пујол и Хавиер Маскерано. Сепак на 35 -годишниот капитен ќе треба да му се бара заменик во новата сезона.

„Барса е меѓу тимовите кои се заинтересирани за мене”, изјави Хумелс.

Од „Сигнал Идуна Парк“ веќе имаат најдено нов дефанзивец, кој ќе го смени Хумелс во центарот на одбраната. Тоа е 21-годишниот талент на Базел, Фабијан Шер, кој ќе чини околу пет милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП