1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГо тестирал Cybertruck, едвај достигнал 80% од декларираниот опсег(ВИДЕО)

Го тестирал Cybertruck, едвај достигнал 80% од декларираниот опсег(ВИДЕО)

Јутјуберот Кајл Конер направи неофицијален тест за опсегот на Tesla Cybertruck – и пикапот не се покажа баш во најдобро светло.

Возел по автопат во Тексас, а Cybertruck успеал да достигне околу 80% од декларираниот опсег – околу 410 километри, со просечна брзина од 112 km/h и температура од околу 7 степени Целзиусови.

Тој возел Cybertruck кој бил 100% наполнет додека не бил целосно испразнет, а кога достигнал низок процент на батерија, го внел во паркинг во трговски центар додека целосно не запрел.

Тоа беше верзија на пикапот со погон на четири тркала, а гумите беа „за сите сезони“.

Ова е добар пример кој покажува како опсегот во реални ситуации не мора секогаш да биде оној што е деклариран – има многу работи кои влијаат на тоа, од надворешната температура до оптоварувањето. Како изгледаше сето тоа погледнете во видеото подолу:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП