Европските антимонополски регулатори денеска објавија можна истрага за инвестицијата на американскиот технолошки гигант Microsoft во развивачот на вештачка интелигенција Open AI за потенцијални прекршувања на законите на ЕУ за спојување.
Во исто време, шефицата на антимонополската политика на ЕУ, Маргрете Вестагер, ги повика големите дигитални компании да ги информираат регулаторите за можни проблеми поврзани со прекршување на правилата за пазарна конкуренција во областа на вештачката интелигенција (AI), пренесува Ројтерс.

