3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајавен e „ROG Phone 8“: Полесен и потенок, но сепак гејмерски телефон...

Најавен e „ROG Phone 8“: Полесен и потенок, но сепак гејмерски телефон (ВИДЕО)

Не поминаа ни девет месеци од последниот гејмерски телефон на „Asus“, а веќе е најавен нов модел.

„Asus ROG Phone 8“ е уред за игри што ја користи најновата технологија, во овој случај процесорот Snapdragon 8 Gen 3. Сепак, дизајнот е нешто поскротлив од претходните два модели.

Кај поскапите модели веќе нема заден екран, а позадината на телефонот изгледа поелегантно. Дополнително, „Asus“ вели дека серијата „ROG Phone 8“ го носи најголемиот редизајн во историјата на овие уреди – телефоните се 17% помали, 15% потенки и 9% полесни од претходната генерација.

Намалувањето на димензиите не треба да им наштети на перформансите и ладењето, па така „Asus“ наведува дека уредот е 20% термички поефикасен од неговиот претходник. Новина е што за прв пат може да се полни безжично (до 15W), а максималната осветленост на „OLED“ екранот од 165 HZ скокна од 1.500 nits на 2.500 nits.

Камерите исто така се значително подобрени, со главен сензор од 50 мегапиксели, ултраширок сензор од 13 мегапиксели и телефото од 32 мегапиксели со троен оптички зум.

Она што на некои можеби нема да им се допадне е што со смалувањето на телефонот се намалија и рабовите, а со тоа предната камера (32MP) стана „дупка“ на екранот, додека кај постарите модели беше надвор од областа на екранот.

„Asus ROG Phone 6“ ќе доаѓа во уште повеќе модели од неговите претходници. Основната верзија на 8 ќе чини 1.100 евра (12/256), „ROG Phone 8 Pro“ ќе чини 1.200 евра (16/512), а „ROG Phone 8 Pro Edition“ ќе чини 1.500 евра (24GB RAM и 1TB меморија).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП