28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОKако претседателот на Ел Салвадор за две години ја искорени мафијата во...

Kако претседателот на Ел Салвадор за две години ја искорени мафијата во земјата

Харизматичниот претседател на Ел Салвадор, кој затвори 75.000 криминалци, го слави падот на стапката на убиства, тврдејќи дека ја исчистил земјата и ја направил најбезбедната во Латинска Америка.

Наџиб Букеле, кој многумина го нарекуваат „најкул диктатор на светот“, затвори повеќе од 75.000 членови на банди во еден од најголемите затворски системи на континентот, откако прогласи воена состојба во март 2022 година.

Навистина, стапката на убиства што достигна врв од 106 на 100.000 жители пред девет години падна на 2,4 минатата година, што ја прави 2023 година „најбезбедна година во историјата на Ел Салвадор“. Само 7.000 од приведените се ослободени, додека останатите се сместени во страшна мрежа на строго контролирани затвори што ги вознемири групите за човекови права.

Но, рејтингот на Букеле се искачи на околу 90 отсто во земјата која со години ја измачуваат картели, вклучувајќи ги и озлогласените банди MS-13 и 18th Street.

„Ќе продолжиме да ги разбиваме криминалните структури“, рече неговиот министер за правда, Густаво Вилаторо, притоа гордо објавувајќи ги овие бројки, додавајќи: Територијата и припаѓа на државата Ел Салвадор, што значи дека овој паралелен криминален свет повеќе не постои.

Од друга страна, организациите за човекови права кои пријавија 190 смртни случаи и над 5.000 случаи на злоупотреба и полициска бруталност.

„Некои апсења беа засновани само на поединци кои имаат тетоважи или претходни криминални досиеја или живееле во област контролирана од банда“, напиша Amnesty International во својот извештај за Ел Салвадор минатата година.

„Илјадници луѓе беа неправедно обвинети, а судењата, кои беа експресни, понекогаш се организираа за стотици обвинети одеднаш“.

Многумина се сместени во терористичкиот притворен комплекс ЦЕКОТ, кој беше отворен во јануари минатата година и кој критичарите го споредија со концентрационен логор. Повеќе од 100 затвореници делат една ќелија, секоја со само два тоалета. Сите имаат нешто помалку од еден квадратен метар за живеење и спиење. Тие немаат душеци, немаат отворени простори и редовно се тепани, малтретирани и експлоатирани.

Во затворот работат над 800 чувари, а на фотографиите, кои владата со задоволство ги објавува, се прикажани затвореници со врзани раце зад грб, принудени да стојат или да седат со главите на грбот на затворениците пред нив. Секој контакт со надворешниот свет е прекинат. Блокаторите ги исклучуваат сите телефонски сигнали. Затворениците ги напуштаат ќелиите само за сослушувања кои се спроведуваат со видео повик, алармираат организациите.

Проблемот со бандите и картелите во земјата датира од граѓанската војна во 1980-тите.

Кога бегалците побегнаа од Латинска Америка во САД, на улиците на Лос Анџелес се формираа бандите MS-13 и 18th Street. Кога војната заврши, тие се вратија во Ел Салвадор. Со себе го донесоа своето ривалство и насилство.

Сега се смета дека „18th Street“ има околу 65.000 членови низ целиот свет, додека „MS-13“ има меѓу 50.000 и 70.000. Како што растеле, така растело и нивното влијание.

Илјадници членови од двата табора се бореа и загинаа за титулата најмоќна банда во Централна Америка, профитирајќи од злосторства како што се трговија со луѓе и дрога, изнуда, перење пари, уцени и киднапирања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП