16 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Google Chrome“ доминира, „Microsoft Edge“ има рекорд

„Google Chrome“ доминира, „Microsoft Edge“ има рекорд

На почетокот на секој месец, „Statcounter“ го објавува својот редовен извештај кој ја открива состојбата на пазарот на интернет пребарувачи.

Кога станува збор за декември 2023-та година, според анализата на „Statcounter“, „Chrome“ продолжува да доминира во растот, „Microsoft Edge“ бележи нов личен рекорд, додека „Safari“ има ненадеен пад.

Откако го загуби второто место од „Safari“ во мај 2023-та година, „Microsoft Edge“ сега се врати на второто место на листата на најпопуларни десктоп интернет прелистувачи.

„Microsoft Edge“ го зголеми својот удел на пазарот од 11,23% на 11,9% во декември, што е рекорд за „Edge“ достапен на „Windows“, „macOS“ и „Linux“ платформите.

Од друга страна, „Apple Safari“ забележа поголем пад од пазарниот удел во ноември од 13,3 проценти на 8,96 проценти во декември.

„Google Chrome“ сè уште е најпопуларниот веб-прелистувач за десктоп, а целосната листа и удел на пазарот изгледаат вака:

„Google Chrome“: 65,23% (+0,93 поени)

„Microsoft Edge“: 11,9% (+0,67 поени)

„Apple Safari“: 8,96% (-4,07 поени)

„Mozilla Firefox“: 7,62% (+0,93 поени)

„Opera“: 3,8% (-0,74 поени)

Кога станува збор за мобилни уреди, ситуацијата е следна:

„Google Chrome“: 64,93%

„Apple Safari“: 24,71%

„Samsung Internet“: 4,48%

„Opera“: 2,28%

„UC Browser“: 1,48%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП