2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Android Auto“ добива сериозна иновација

„Android Auto“ добива сериозна иновација

„Google бара“ решение базирано на вештачка интелигенција за „Android Auto“ кое би го олеснило примањето известувања додека возите.

Така, претстојното ажурирање ќе ги сумира вашите пораки, давајќи им приоритет на итните разговори, како што објави веб-страницата „9to5Google“.

„Помошникот сега може да ги сумира вашите пораки. Овие резимеа ќе ги генерира вештачката интелигенција, па може да се појават грешки. Можете да го исклучите ова во секое време во поставките на апликацијата „Android Auto““, стои во описот на новото ажурирање.

Затоа, сепак мора да внимавате на она што е напишано во пораките, бидејќи може да има грешки, па ако чувствувате дека нешто е чудно, подобро е сами да го проверите. Не е јасно кога оваа функција ќе стане достапна за сите корисници, но моментално е во бета верзија.

„Android Auto“ беше малку повеќе во центарот на вниманието кога станува збор за иновациите во последната година, што значи дека „Google“ сериозно смета на оваа апликација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП